Сатеска обезбеди опстанок во Третата лига

May 7, 2017
Сатеска обезбеди опстанок во Третата лига

И покрај денешниот пораз од лидерот , ФК Струга Трим Лум од 4-0 ( 3-0 ), екипата на Сатеска на коло пред крајот на првенството и теоретски го обезбеди опстанокот во Третата лига Југозапад.

Денес домашните заслужено победија, но останува како црна дамка непотребниот притисок кој се изврши врз играчите на Сатеска во првото полувреме од страна на домашната управа и домашните играчи.

Во секој случај , зацртаната цел е постигната. Во пролетниов дел Сатеска, предводена од Делиоски Цвете играше како препородена. Есенскиот дел го заврши на претпоследното место со само 9 бодови ( три беа административно одземени ), а со одличните игри пролетва, на коло пред крајот Сатеска има 28 бодови и обезбеден опстанок.

“Целта што е зацртавме пред почетокот на пролетниот дел ја остваривме. Можам само да им честитам на моите играчи, на управата, на навивачите и поддржувачите од дијаспората. Волино заслужува третолигаш и тоа е остварено”- изјави по денешниот натпревар тренерот Делиоски.

Во последното коло Сатеска на Ѓоргов Мост го пречекува тимот на Влазними,од Струга. Тоа ќе биде натпревар за престиж и за подобар пласман на табелата.

Во среда, 10.05. Сатеска го игра и полуфиналниот натпревар од Фудбалскиот куп, против екипата на ФК Дебрца, во с.Белчишта.

Поврзани написи