Сатеска рутински до нови три бода

May 6, 2012
Сатеска рутински до нови три бода

Шлагворт на денешните Ѓурѓовденски празнувања во Волино беше новата победа на Сатеска, која на Ѓоргов мост со рутинска игра во рамките на 20 коло на ОФЛ Охрид ја совлада традиционално незгодната екипа на ФК Вапила, со убедливи 4-0 ( 1-0). На првиот гол се чекаше до последната минута од првото полувреме, кога по неколкуте пропуштени шанси, најдобриот стрелец на Сатеска, Иваноски со удар со глава ја начна мрежата на гостите. Во второто полувреме домашните доминираа, но до промена на резултатот се чекаше до 72 минута,  со голот на младиот Скепароски Димитар. Во финишот, најпрво во 84 минута Маркоски Д. зголеми на 3-0, а во 89 минута Скепароски Никола со прекрасен удар од дваесетина метри ги постави конечните 4-0. Гостите својата најубава прилика ја имаа во првото полувреме, кога при резултат 0-0 нивниот најистурен играч сам излезе пред голманот на домашните, Чалдрмоски, но шутираше непрецизно покрај десната статива. Натпреварот солидно го водеше судиска тројка од Охрид, на чело со главниот судија Танески.

Поврзани написи

  • Terzioski T.

    bravo volinci