Сатеска со “петарда“ до осминафинале

August 18, 2012
Сатеска со “петарда“ до осминафинале

Синоќа  на  “Гоце Делчев  “ Арената , во Волино продолжија натпреварите од второто коло по групи на Богородица Куп 2012. Екипата на Сатеска со фуриозна игра во второто полувреме ја совлада екипата на Ѓоршулески компани со 5-0 и практично го обезбеди пласманот во осминафиналето како првопласирана во групата. Првото полувреме заврши без голови. Отпорот на мороиштани беше срушен во првите пет минути од второто полувреме кога со двата гола на Секулоски и еден на Скепароски Никола Сатеска поведе со 3-0. До крајот на натпреварот со головите на Силјаноски Л.Александар и Митрески само беше потврдена високата победа.

Во другите вечерашни натпревари фаворитите забележаа лесни и високи победи.Екипата на Бизон со двата гола на Тасески и Ѓорѓиески и еден на Усеинов ја совлада екипата на Ложани со убедливи 5-1. Екипата на Куратица во вториот натпревар дојде до својата прва победа против најмладата екипа на турнирот, Технобела Ам Охрид со идентичен резултат од  5-1. Екипата на Аптека Христијан први Филип втори со сигурна игра ја оствари втората победа на турнирот, со 4-1 против Ташморуништа, со головите на Јосифоски Ристе, Речкоски,Трајчески и Матески.

Резултати

Бизон-Ложани  5-1 ( 2-0 )
Технобела-Куратица  1-5  ( 0-3 )
Аптека Христијан први Филип втори-Ташморуништа    4-1  ( 2-0)
Сатеска-Ѓоршулески компани  5-0  (  0-0 )

 

Поврзани написи

  • riste

    napisete raspored koga se igrat so se igrat 🙂