фото:Сатеска загуби во последната минута

May 14, 2011
фото:Сатеска загуби во последната минута

Со голот што го прими буквално во последните секунди од натпреварот екипата на Сатеска со пораз стартуваше на турнирот во мал фудбал Враништа 2011. Во натпреварот со екипата на Кафе бар Инсомнија од Враништа, домаќините славеа со 2-1 ( 1-0). Во оваа група е уште екипата на Полиција, која во првиот натпревар со Кафе бар Инсомнија играше нерешено 1-1. Во следниот натпревар екипата на Сатеска, во понеделник, со екипата на Полиција нема поправен и ќе мора да победи ако сака да ги продолжи натпреварите на турнирот. Инаку играта беше рамноправна, натпреварот го решија двете катастрофални грешки на одбраната, на самиот почеток и во последната минута од натпреварот. Голот за Сатеска го постигна Никола Секулоски, на почетокот од второто полувреме. Натпреварот го следеше бројна публика од Волино, која за жал разочарана си замина од Враништа. Сепак не е се загубено, се надеваме дека на вториот натпревар Сатеска ќе се прикаже во далеку подобро издание и ќе обезбеди пласман во вториот круг.

Пишува: Зоран Ногачески

Поврзани написи