Се комплетираат осминафиналистите

August 21, 2012
Се комплетираат осминафиналистите

Со вечерашните натпревари започна третото коло по групи на Богородица Куп 2012 . Од В-групата пласман во осминафиналето обезбедија екипите на ФК Стефан Толески и Студио за масажа Петан. Пештанци вечерва ја совладаа екипата на Рудар Куратица со 3-1, со головите на Струмоски, Медароски Јован и Ампов и со седум бода го освоија првото место во групата. Второто место го освои екипата на Петан, која вечерва ремизираше со Железарија Мајсторче, што и беше доволно за пласман во осминафиналето. Со одигрувањето на натпреварот помеѓу Жиголо и Дрим Тим завршија натпреварите и во А-групата. На вечерашниот натпревар победи Дрим Тимот со 3-1, со двата гола на Бимбилоски и еден на Војдиноски и со девет бода го освои првото место. Второто место и пласман во осминафиналето претходно обезбеди екипата на Инсомнија Враништа, со 6 бода. И вечерва еден натпревар не се одигра. Во Б-групата екипата на Ташморуништа освои службени 3 бода, бидејќи на теренот не се појави екипата на Охрид 2012. Овој натпревар и онака немаше значење, бидејќи пласман во вториот круг веќе обезбедија АСМ Рача и Аптека Христијан први Филип втори, кои во меѓусебен натпревар за престиж  ќе одлучат кој ќе биде прв, а кој втор во групата.

Резултати

Охрид 2012-Ташморуништа 0-3 /службено
Студио за масажа Петан-Железара Мајсторче 1-1 ( 1-1 )
Жиголо -Дрим Тим 1-3 ( 0-1 )
Рудар Куратица-ФК Стефан Толески 1-3

 

Поврзани написи