Со пролетта се вратија и штрковите

March 26, 2012
Со пролетта се вратија и штрковите

Со доаѓањето на пролетта парот штркови се врати во своето гнездо на врвот од селското училиште. Во Волино штрковите доаѓаат оддамнина. Волинци се посебно горди на тоа и со радост се очекува секое нивно враќање. Всушност, штркот за Волино е своевиден заштитен знак, кој ние, Волинци секогаш го истакнуваме како предност во однос на другите села, каде што штркот не доаѓа. И навистина штрковите не доаѓаат во секое село, и тие избираат каде ќе се населат. Затоа, сме посебно горди што го имаме.

Штрковите во Волино на повеќе пати го имаат менувано гнездото или по наше седелото. Едно време беа сместени на старата плевна од Дојчин Мочароски, потоа на јасиката до куќата на Милан Јовески, а по нејзиното сечење, пред околу 25 години се сместуваат на најдоброто место, каде може секој да ги види, на врвот од селското училиште, во центарот на Волино.

Поврзани написи