Светите апостоли Петар и Павле – Петровден

July 12, 2014
Светите апостоли Петар и Павле – Петровден

Тропар на Светите апостоли Петар и Павле

глас 4:

Првопрестолни меѓу апостолите и учители на вселената, молете Го Владиката на сите, да и даде мир на вселената, а на нашите души голема милост!

 Со овој празник завршува еден од четирите повеќедневни пости во годината, кој е врзан за празникот на Апостолите. Денес црквата ги слави двајцата врховни апостоли Петар и Павле. А и историски нивниот празник се утврди пред празникот посветен на 12-те, т.е. на сите апостоли. Апостолот Петар се прославува како образец на цврстата и искрена вера, а Павле како оној кој најмогу се потрудил во проповедањето на распнатиот и воскреснат Исус Христос. Инаку тие, како и сите останати апостоли, имаат свои посебни празници во текот на богослужбеното годишно време. На иконата светите апостоли Петар и Павле се претставени заедно, Петар со клучеви од рајот, а Павле  со меч, симбол на сопствената смрт.Во Волино Петровден како куќна слава го слават Тупанчевци, а од околните населби Петровден се слави во соседното Мешеишта.

volino.mk им го честита Петровден и на сите оние кои го слават како свој именден.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.