Трета МФЛ: Победа на Сатеска за осмо место

May 14, 2017
Трета МФЛ: Победа на Сатеска за осмо место

Екипата на Сатеска со победа на Ѓоргов Мост го заврши првенството во Третата лига Југозапад. Во последното 26 коло Сатеска ,во натпревар за престиж, иако хендикепирана со неиграњето на пет првотимци, ја совлада екипата на Влазними од Струга, со 4-3 ( 1-2 ) .

Сатеска поведе со голот на Терзиоски Игор во 5 минута.  Потоа Секулоски промаши пенал, по што следуваше казна. Со головите на Спасески во 37 минута и Грданоски во 41 минута гостите направија пресврт за водство во првото полувреме од 1-2.

Домашните во второто полувреме заиграа поангажирано и во 58 минута со голот на Бочески и во  60 минута со голот на Силјаноски Сашо, и двата со глава повторно дојдоа во водство од 3-2.

Во 65 минута гостите повторно изедначија со голот на Ферати од оправдано досудениот пенал.

Конечните 4-3 ги постави Карафилоски, со голот во 67 минута.

На клупата на Сатеска денес беше помошниот тренер Маркоски, бидејќи првиот стратег на домашните, Делиоски е на семинар во Струмица за здобивање со тренерската Уефа Б- лиценца.

Натпреварот по убаво време го следеа пеесетина гледачи и истиот одлично го водеше битолскиот судија Горан Бечвиновски.

Со денешната победа Сатеска ја заокружи успешната пролетна серија, во која освои 22 бода и со вкупни 31 бод првенството го заврши на осмото место.

Конечна табела, сезона 2016/2017

Поврзани написи