Трета МФЛ: Сатеска против Кравари нема право на грешка

April 21, 2017
Трета МФЛ: Сатеска против Кравари нема право на грешка

По двете тешки гостувања и порази во Дебар против ФК “Кораб “ ( 2-5 ) и Ресен против ФК “Преспа” ( 0-2 ), по 21 одиграно коло во Третата лига Југозапад ФК “Сатеска” падна во зоната за испаѓање, односно на претпоследното место и во наредните пет кола, од кои три натпревари игра на домашен терен ќе води тешка борба за опстанок во Лигата.

Првиот тест е веќе во недела, во 22 то коло на “Ѓоргов Мост” доаѓа незгодната екипа на ФК “Кравари” . Гостите доаѓаат растеретени, бидејќи до крајот на првенството ги изгубија сите шанси за највисок пласман, а за домашните натпреварот е  “да си биде или не”.

“Во недела за нас е најважниот натпревар на кој немаме право на грешка. Максимално сме мобилизирани и мотивирани, комплетни и очекувам победа, што ќе значи уште еден чекор до опстанокот. Волино заслужува третолигаш и сигурен сум дека тоа ќе го оствариме во преостанатите пет натпревари. Верувам во моите фудбалери дека се способни тоа да го остварат “ – изјави тренерот Цвете Делиоски, по денешниот последен тренинг пред неделниот натпревар.

Од Фудбалскиот клуб очекуваат  максимална поддршка од навивачите.

Натпреварот се игра во недела, 23.04.2017 година, со почеток во 16.00, на “Ѓоргов Мост”, во Волино.

Натпреварот ќе го води судиската тројка предводена од Јован Качески, од Струга и асистентите Кире Негриески , од Струга и Ацо Мацески, од Враништа. Делегат на натпреварот е Гоце Шопоски, од Струга, а контрола на судење Пеце Карапалески, од Ресен.

Поврзани написи