Трета МФЛ: Сатеска против Кравари се врати на победите

April 23, 2017
Трета МФЛ: Сатеска против Кравари се врати на победите

По двата порази Сатеска се врати на победите и денес на Ѓоргов Мост, во рамките на 22 коло освои три значајни бода во борбата за опстанок. Победена беше цврстата и незгодна екипа на ФК Кравари, со 3-2 ( 2-2 ) .

Девет минути му беа потребни на најдобриот стрелец, Секулоски да го отвори резултатот. Гостите изедначија од пенал преку Ѓорѓиевски, во 17 минута.

Во 21 минута Сатеска повторно поведе. По слободниот удар на Секулоски, Скепароски Димитар најдобро се снајде за водство од 2-1.

Гостите во 38 минута повторно изедначија преку Тасевски.

Победоносниот гол за домашните го постигна Ристески Игор во 64 минута.

Гостите се претставија во добро светло, посебно во првото полувреме кога имаа две-три убави шанси.

Со оваа победа Сатеска ја продолжува борбата за опстанок во наредните 4 кола.

Натпреварот добро го водеше судиската тројка од Струга, предводена од главниот судија Јован Качески .

Поврзани написи