ТРЕТА МФЛ: Сатеска со петарда ја испрати Могила

May 3, 2017
ТРЕТА МФЛ: Сатеска со петарда ја испрати Могила

Победничката серија на Сатеска продолжи. Денес, во рамките на 24 коло на Третата лига Југозапад Сатеска ја забележа третата последователна победа. На Ѓоргов Мост совладана беше екипата на Могила Бимилк, со резултат 5-2  ( 5-0 ). Домашните победата ја обезбедија во првото полувреме.

Во 12 минута по одличното проигрување од Секулоски, Бочески со прецизен удар од четиринаесетина метри го отвори резултатот.

Во 18 минута Скепароски Никола постигна гол од слободен удар за водство од 2-0.

Во 21 миниута одличен продор на Бочески по десната страна, асистенција за Секулоски и 3-0.

Во 31 минута одлична асистенција на Ристески од левата страна, а Секулоски со глава за 4-0 и негов 25 ти гол.

Во 45 минута Ристески ја искористи грешката на гостите и ја доведе Сатеска до високи 5-0.

Во второто полувреме домашните го намалија темпото, а и тренерот Делиоски изврши три измени. И покрај тоа Сатеска имаше две три убави шанси, кои останаа неискористени.

Гостите со головите на Магловски, во 60 минута и  Главевски во 83 минута, и двата со глава само го ублажија поразот.

Натпреварот, по идеален терен за игра и пред пеесетина гледачи многу добро го водеше судиската тројка од Струга, на чело со главниот судија Јован Качевски.

Со оваа победа Сатеска речиси ја заврши борбата за опстанок. За да ги избегне сите шеми на Сатеска во преостанатите две кола и треба уште еден бод.

Во последните две кола Сатеска му гостува на лидерот, ФК Струга Трим и Лум, а во последното коло на Ѓоргов Мост гостува ФК Влазними.

Поврзани написи