Уште еден успех на Маринела

June 8, 2012
Уште еден успех на Маринела

Крајот на учебната година го користиме да одбележиме уште еден успех на осмооделенката во Основното училиште “Дебрца”, нашата Маринела Цветаноска. На државниот натпревар по историја кој неодамна се одржа во Охрид, во конкуренција на стотина ученици од Република Македонија Маринела под менторство на наставничката Далиборка Сајческа-Симоновска со освоени 96 бода го освои високото трето место и се здоби со можност да користи и стипендија во текот на средното образование.

Поврзани написи