В недела меморијална шаховска вечер

September 7, 2012
В недела меморијална шаховска вечер

Во недела, во чест и сеќавање на Цвете Печоски, кој беше голем влубеник во шаховската игра, а по повод навршувањето на една година од неговата смрт, по иницијатива на Николче Трпкоски ќе се одржи меморијална шаховска вечер. Натпреварите на шаховската вечер ќе имаат чисто рекреативен, односно ненатпреварувачки карактер. Замислата е во иднина ова да прерасне во традиционална шаховска манифестација. Право на учество имаат сите заинтересирани лубители на шахот, кои со себе е доволно да понесат шаховска табла.

Шаховската вечер ќе се одржи во недела, 9 септември, со почеток во 19:30 часот во просториите на Основното Училиште.

Поврзани написи