Вечерва стартува “Богородица Куп 2012”

August 12, 2012
Вечерва стартува “Богородица Куп 2012”

Со одигрувањето на првите четири натпревари вечерва започнува 15-то издание на Турнирот во мал фудбал  “Богородица Куп 2012” –Волино. Триесет екипи распоредени во 8 групи ќе се борат за освојување на Купот. Трофејот го брани екипата на Џале турс Пештани,која оваа година настапува како ФК Стефан Толески. Натпреварите ќе се играат во вечерен термин, на спортскиот полигон “Арена Гоце Делчев” , во Волино.

Вечерва играат :

20.00-Ремис-Технобела Ам
21.00-Бел Мерцедес-Арсенал
22.00-Аптека Христијан Први Филип Втори-Охрид 2012
23.00-Инсомнија-Жиголо
Volino.mk е медиумски покровител на Турнирот и редовно ќе Ве известуваме за сите случувања на истиот.

Поврзани написи