Велигденското јајце – значење, традиција и обичаи

April 13, 2017
Велигденското јајце – значење, традиција и обичаи

За Велигден има многу обичаи во светот, но само еден ги обединува сите. Вапцањето на јајца е обичај кој има своја симболика. Тоа е затворено,  мртво, а од него излегува нов живот што го претставува Христовото воскресение од гробот.

Велигденското јајце е старо колку и христијанството и црквата го прифатила во својата традиција и практика како симбол на Христовото Воскресение.

Првите христијани и современици на апостолите почнале да бојадисуваат јајца и да ги подаруваат на Велигден, поздравувајќи се со радосниот поздрав Христос Воскресе! На тоа отпоздравувале: Вистина Воскресе!
Така поздравувајќи се, првиот ја соопштува веста за Христовото воскресение, додека вториот ја потврдува, а всушност и двајцата ја исповедуваат својата вера во Воскресението. Оваа практика и до ден денес е запазена во Светото Послание, па верниците со овој поздрав се поздравуваат се до Вознесението Христово, Спасовден.

Црвената боја има симболика на победа. Нејзиното значење на овој голем Христијански празник е дека Господ Исус Христос со своето воскресение ја победил смртта.

Затоа црвената боја, симболизирајќи ја христовата крв од светата причест ги украсува велигденските јајца. Како што бојадисаните црвени јајца од Велики четврток се јасна најава за блискоста до Велигден, така и тогаш, на Велики четврток на Тајната вечера, Христос јасно најавил и кажал дека наскоро ќе биде предаден, ќе пострада и ќе воскресне.

Обичај кај сите христијани бил и се уште е дарувањето велигденски јајца. При тоа се водело сметка секој член на семејството и секој гостин да добие јајце со одредена симболика; момчињата и девојките добивале јајце со исцртано венче за да си најдат животен сопатник, а деверот добивал јајце исцртано со будилник или рака со прстен, часовник и цвеќе.

g_jajca-veligden

При капењето на децата, во водата се ставало црвено јајце и со него им се триеле челото и образите за да бидат црвени, како симбол на здравјето. Првите бојосани јајца биле наменети за куќата, за Господ и по едно за секој член од семејството. Се верувало дека токму првобојадисаното јајце има голема заштитна моќ, па затоа било за заштита од градоносни облаци, за подобар род на полињата го закопувале во земја на лозјето или во нивата. Се сметало дека дури и лушпите од велигденското јајце имаат заштитна функција.

Полноќта на Велика сабота, се оди на црква и сите присутни со песната „Христос воскресе“ три пати ја обиколуваат црквата. Таму се останува до големата литургија, а потоа се причестуваат, се кршкаат со црвените јајца и се омрсуваат.

На Велигден рано наутро сите одат во црква за да чујат „Христос воскресе“ и да се причестат. По литургијата во црквата, се оди на гробишта каде што се остава по едно јајце на гробовите за и на мртвите да им се каже дека дошол Велигден.

Има различни легенди за традицијата за вапцување јајца. Една од нив е дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, една кокошка дошла и под него снесла јајце. Крвта од лицето на Исус капела врз него и го обоила во црвено. Затоа и денес првото јајце се бојадисува во црвено, а потоа најстарата жена во семејството со него ги трие децата по образите или им исцртува крст по челата за здравје. Останатите јајца се обојуваат во различни бои и се цртаат. Сината боја ја симболизира непорочноста, виолетовата – крстот, зелената – Христовите ученици, а жолтата – самиот Бог.

Друга легенда раскажува за Дева Марија, која им давала јајца на војниците кај крстот при распнувањето на Исус Христос. Таа ги молела да бидат помалку насилни кон Исуса и притоа плачела. Нејзините солзи паднале врз јајцата и ги обележале со точки во цветни бои.

Трета легенда раскажува за Марија Магдалена, која отишла до гробот на Исус за да го миропомаза неговото тело. Таа носела со себе кошница со јајца, за да руча. Кога пристигнала во гробницата и ги извадила јајцата, нивните бели лушпи, за чудо, биле обоени со боите на виножитото.

Постои легенда дека кога Исус Христос бил распнат на крстот, неговите непријатели го гаѓале со јајца. Но, според Божјата волја, штом тие ќе го допреле неговото тело се претворале во црвени јајца. Во чест на таквото чудо луѓето почнале да ги вапцуваат велигденските јајца црвени.

Друга легенда вели дека Марија Магдалена отишла кај римскиот император Тибериј и му однела црвено јајце, кажувајќи му ги зборовите: “Христос воскресна!” и му раскажала за воскресението на Исус.

Во последните децении, особено во Германија, на трпезата се појавува и Велигденски зајак. Една од легендите го објаснува неговото појавување со паганската божица Естра – таа претворила една птица во зајак, но тој продолжил да несе јајца. Друга германска легенда вели дека Велигденскиот зајак од децата криел обоени и насликани јајца во градината. Во Америка децата веруваат дека ако се послушни, Велигденскиот зајак ќе им донесе гнездо, полно со шарени јајца.

Кога воделе Христос на Голгота, за да биде распнат, во толпата бил и Симеон од Кирин со двете деца. Едниот син – Руфус носел со себе зајче. По едно време крстот паднал на земјата. Потоа се слушнал детски пискот. Се покажало дека крстот паднал врз зајчето и тоа умрело. Трогателниот плач на момчето го натерал Исус да се сврти и, покрај своите маки, да го допре животинчето и да му направи крстен знак. Зајчето оживеало и исплашено побегнало. Набргу потоа се појавило под крстот на распнатиот Христос. Кога вечерта учениците отишле да го земат телото на Спасителот, тоа уште било таму, а очите му биле црвени од тага и солзи. Ова зајче луѓето го нарекле Велигденски зајак.

veligden-11Посебна радост и ритуал на Велигден претставува кршкањето со јајцата.Притоа тој чие јајце ќе победи , му го зема, му го ,,печали,, јајцето на другиот што му се скршило. Во минатото често пати мо­же­ше да се слу­чи оној што гу­би по не­кол­ку па­ти да оди до до­ма и да се вра­ќа до­де­ка пле­те­на­та кош­ни­ца со јај­ца на кре­де­не­цот не ос­та­не­ше праз­на!
За да од­не­сат по­бе­да во кр­ше­ње­то и за да ќа­рат по­ве­ќе јај­ца, ма­ал­ски­те фра­е­ри беа вис­тин­ски мај­сто­ри веш­тач­ки да нап­ра­ват цврс­ти и не­крш­ли­ви јај­ца,  кои за­ли­чу­ваа на при­род­ни­те, а најчесто тоа беа дрвените вапсани јајца.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.