Велики петок- најтежок христијански празник (видео)

April 22, 2011

Велипеток или Велики петок, уште се вика и Распет петок, зашто на тој ден е распнат Исус Христос. Поради тоа овој ден се смета за најтешкиот христијански празник . Според преданието, Христос починал на крст во “шестиот час на денот, а тогаш сонцето се замрачило, мртвите станувале од гробовите, а сите ѕвона се распукале. Затоа, на Велипеток  бијат дрвени ѕвона, а камбаните не ѕвонат се до недела, кога за првпат ќе ја огласат радоста на Христовото воскресение.

Со венец од трње на главата Христос го носел својот крст до ридот Голгота, каде што е распнат и каде пред да испушти душа побарал прошка од Бога за своите џелати извикувајќи: “Оче, прости им зашто не знаат што прават”.

За овој ден Црквата пропишува најстрог пост, денот да помине без јадење и пиење (освен за немоќните и престарените), во знак на таговно сеќавање на настаните од тоа време.

Поврзани написи