Во Сиднеј одржана Комеморација за професорот Науме Радически

May 10, 2014
Во Сиднеј одржана Комеморација за професорот Науме Радически

Во просториите на Македонското литературно друштво “ Григор Прличев“ во Сиднеј, се одржа комеморација за професорот Науме Радически.

“Д-р Науме Радически беше почесен член на литературното друштво од Сиднеј, еден од најголемите пријатели на поетите творци во Австралија, човек со извонредно чувство за печалбарите, кој неуморно , бесплатно и во секоја ситуација ни притекнуваше на помош,“ истакна Претседателот на друштвото, Душан Ристевски. Науме беше рецензент на повеќе издадени дела на Друштвото, а ја уреди и Антологијата на македонската поезија во Австралија “Коти на копнеж и страсти “. Спомени за Науме Радичевски евоцираа повеќе членови на друштвото, меѓу кои и неговиот најдобар пријател, поетот Иван Трпоски, кој говорејќи за професорот истакна дека: “Науме беше нашиот важен спој со Струшките вечери на поезијата, со другите литературни манифестации во татковината, со Македонија. Едноставно не нѐ оставаше сами и изгубени кога одевме таму, нѐ преставуваше во литературните кругови, нѐ почитуваше. Македонсото литературно друштво“ Григор Прличев“ изгуби голем пријател.“

За творештвото на професорот Науме Радичевски говореше поетесата Жаклина Михајлова, која исто така прочита и дел од неговите творби.

 Почивај во мир, професоре! Добрите луѓе секогаш живеат!

Жаклина Михајлова

Поврзани написи

Коментарите се затворени.