Водици-Богојавление ден кога водите стануваат лековити

January 19, 2012
Водици-Богојавление ден кога водите стануваат лековити

Во Јордање крештајусја Тебја Господи, Троическое јависја Поклонение.
Родителе со глас Свидетелство ваше тебје, Возљубљенога тја сина Именуја.
И дух видје голубиње Известуваше словесе Утврждение.
Јављенсја Христе Боже И мир просвеиште Слава тебја

Водици или Богојавление е денот на кој според христијанското предание Св. Јован Крстител го крстил Исус Христос во реката Јордан. Се прославува на 19-ти јануари по новиот календар или на 7-ми јануари според стариот календар. Со тоа му се дава значење на крштевањето како една од повеќето свети тајни на христијанството. Крштевањето значи и духовно раѓање, односно почеток на човековото живеење во верата.

Празникот се нарекува Водици, поради големиот водосвет, што го извршува Црквата на овој ден. Водици се празнува два дена. Првиот ден 19-ти јануари, освен Богојавление и Водици уште се вика и Војордање и Машки Водици, а вториот ден 20-ти јануари, Собир на Свети Јован Крстител уште се вика и Женски Водици.
Денес традиционално, во Македонија во речиси сите населени места, свештениците го фрлаат ритуалниот крст во некоја поголема вода – река, езеро или базен, а луѓето скокаат во водата и се обидуваат да го фатат крстот. Се смета дека на тој ден сите води се крстени и исто така оној што ќе го најде крстот ќе биде среќен во следната година.

Поврзани написи