Волинци на Божиќниот концерт на Јордан Митев

January 10, 2011

По повод Христово Рождество – Божиќ, во саботата 08.01 2011 година,во спортската сала во Радовиш, “Голем Божиќен концерт” одржа новата ѕвезда на македонската фолк естрада, голем пријател на Волино, младиот и надежен Јордан Митев.

Пред околу 2000 присутни Јордан Митев се претстави со сите негови досега испеани песни. Специјални гости на концертот беа групата Академци во проширен состав и Анета Мицевска со Молика.

Концертот го проследија и неговите верни почитувачи и влубеници во Неговата музика, од Волино.

На Јордан Митев, Volino.org  му посакува уште многу успеси и концерти и достојно да го презентира богатото македонско фолклорно наследство насекаде каде што има Македонци.

Низ слика атмосферата во Радовиш…

Зоран Ногачески

Поврзани написи