ВОЛИНЦИ ПРОТЕСТИРАА и 1969 ГОД

October 18, 2013
ВОЛИНЦИ ПРОТЕСТИРАА  и 1969 ГОД

ВОЛИНЦИ ПРОТЕСТИРАА  и 1969 ГОД. Убаво е понекогаш да се потсетиме и на постарите фотографии кои делумно ја претставуваат вистината за Волино и неговите граѓани. Оваа слика која ми ја испрати во Австралија фотографот Трајан Петрески ја прикажува вистинската судбина на населението кое од памтивек било изложено на лаги и узурпации. Овој протестен собир пред маханизацијата на „Црн Дрим“ од Струга и неговите раководители, кои сакале со песокта од речното корито на реката Сатеска кај месноста „Аџица“, за да ги поплочат патиштата на соседните села Драслајца, Ливада, Делогожди… па да ги асфалтираат. Протестот на Волинци гласел кратко и јасно: Најпрво направете го патот Волино – Моројшта па после кревајте песок! Секако протестот успеал. Функционерите и моторната механизација се повлекла од насилната намера. Паметам истите проблеми во минатото ги имавме и при изградбата на новото речно корито на реката Сатеска кој се влива во Охридското Езеро. По изградбата, селото беше оставено со ископани патишта и неподнослива ѓубрева смрдеа.

Честитки за протестантите.

Иван ТРПОСКИ

Поврзани написи

Коментарите се затворени.