Волинецот Звонко Тупанчески именуван за Претседател на Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ во Њу Џерси

July 17, 2012
Волинецот Звонко Тупанчески именуван за Претседател на Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ  во Њу Џерси

Нашиот Звонко Тупанчески, кој своите печалбарски денови ги поминува далеку од родното Волино и Македонија, во Гарфилд, САД со одлука на Претседателот на ВМРО ДПМНЕ, Г-динот Никола Груевски и официјално е именуван за Претседател на Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Сидер Гров, Њу Џерси, САД.

Звонко е еден од најистакнатите активисти на македонската дијаспора во Њу Џерси и пошироко во САД. Познат е по својата посветеност на македонската кауза и организатор  на бројни манифестации на иселениците и  акции за собирање на донации за Волино и Македонија.

Мојот досегашен ангажман во Црковната општина во Сидер Гров и партискиот ангажман, потоа чесноста, неископромитираноста и авторитетноста во средината во која живеам, чувството и  грижата за Македонија, и својата Македонска националност, посветеноста и лојалноста кон Партијата се атрибутите кои го оформуваат мојот човечки и пред се морален капацитет да одговорам на обврските и одговорностите што ги носи функцијата Претседател на Задграничниот комитет на ВМРО ДПМНЕ за Сидер Гров- изјави Звонко  за Volino.mk во денешниот телефонски разговор .

Основната идеја на Програмата за работа на Задграничниот Комитет на ВМРО ДПМНЕ Сидер Гров според Звонко е  да овозможи организирање и засилување на партиските активности на ВМРО-ДПМНЕ и на Македонците во Сидер Гров, Њу Џерси, САД,  со цел систематски да се  подобри   целокупното живеење на сите Македонци во оваа заедница,  промоција на  Македонија, претставување, афирмација и зачувување на историското, духовно и културно богатство на Македонија и Македонците, како и  засилување на врските од политички,  економски, социјален, културен и друг карактер.

За местото Претседател на Задграничниот комитет во Сидер Гров кандидатури поднесоа четири кандидати.

Volino.mk му го честита изборот на Звонко, со желби за успешна работа и уште поголема афирмација не само на Партијата чиј член е, туку и на Македонија и нашето Волино.

Поврзани написи

  • Oliver

    Najgolemiot VOL od Volino. Kako ne Vi e sram za cesnost da zboruvate i pisuvate, pa toj bi go prodal i Boga za pari a ne Makedonija i makedoncite. Sverceriste edno golemo, nsto poveke, edna golema fabrika za fekalii e toj Vasiot Vol Zvonko Tupanceski. Ako sakate da se uverite vo iznesenoto rasprasajte se za nego vo Garfield, NJ, a ne da gi slusate samofalbite negovi