Волино го слави Велигден, Волинци будни ја дочекаа радосната вест

April 25, 2011
Волино го слави Велигден, Волинци будни ја дочекаа радосната вест

Со биење на црковната камбана и со свеќи во рацете, како симбол на светлината на Христовиот гроб, Волинци ја дочекаа радосната вест за Христовото Воскресение.

Веднаш по полноќ со кршењето на црвените јајца си го честитаа Велигден – празник на победата над смртта, ден кога Исус Христос воскреснал и ја докажал својата божествена моќ.

Празнувањето, утринава продолжи во Црквата Св.Богородица, каде верниците дојдоа на утринската литургија, и Света причесна.

Напладне се изведе традиционалното Свето Евангелие.

Потоа,  верниците  се упатија  во своите домови кај своите најблиски и во кругот на семејството да го прослават Велигден. Велигден е ден кога се собира семејството. Се слави со црвени јајца и богата трпеза.

Прославата на Велигден продолжува. Во следните 40 денови верниците ќе се поздравуваат со зборовите Христос Воскресна – Вистина Воскресна.

Пишува: Зоран Ногачески

Поврзани написи