Волино како Холивуд – Солзи и смеа со скечеви за Волино

August 8, 2013
Волино како Холивуд – Солзи и смеа со скечеви за Волино

Камери, режисери, актери, статисти….  Денес Волино наликуваше на Холивуд.  Познатото битолско драмско студио “Солзи и Смеа” за потребите на новиот серијал на хумуристични скечеви, како локација и инспирација ги искористија можностите кои ги пoседува Волино. Се снимаше на неколку локации во селото, а од продукцијата најавија дека скечевите ќе бидат готови во текот на оваа недела, за што ние како портал ќе ја имаме честа ексклузивно да ги објавиме.

Дел од актерската екипа на Солзи и Смеа

Дел од актерската екипа на Солзи и Смеа

Имено целата идеја за снимањето  е по заслуга на еден од најголемите промотори на Волино, Илија Печоски, како и волинчанецот Александар Терзиоски.

Илија Печоски (лево) и Александар Терзиоски(десно) со најблиските како дел од статистите

Илија Печоски (лево) и Александар Терзиоски(десно) со најблиските како дел од статистите

 

Низ објективот на volino.mk може да видите што всушност денес се случуваше во Волино.

 

Поврзани написи

Коментарите се затворени.