Волино повторно се тресеше

July 7, 2012
Волино повторно се тресеше

Земјотрес со интензитет од 4,3 степени по Рихтер беше почуствуван во Волино  денес една минута пред 15 часот. Според информациите, епицентарот на потресот е лоциран 19 километри североисточно од Охрид, поточно на 2 км источно од Велмеј кај местото  Горно Поле,  Илинска планина , на длабочина од десет километри во земјината кора. Жителите на с. Велмеј пренесуваат дека земјотресот бил проследен со голема бучава и дека нема некоја поголема материјална штета, освен претрпен страв.

Во Волино освен вознемиреност на граѓаните земјотресот не предизвика штета.

Поврзани написи