Локација

На 13 км од центарот на Охрид по магистралниот пат Охрид-Скопје , кај селото Требеништа, од левата страна, води пат северозападно и на 2 км е селото Волино. Значи од Охрид Волино е оддалечено 15км, а од аеродромот 6км. Волино е село во општина Дебрца, сместено во Струшко поле, расположено покрај реката Сатеска. Непосредно над селото е главата на каналот на кој од 1951г се влева во Охридското Езеро.Волино е опкружено со бројни села.Северно од него се селата Џепин и Корошишта, јужно е Мислешево,југоисточно е Требеништа, североисточно Мешеишта и Климештани, северозападно е селото Ливада, а југозападно се Драслајца и Мороишта.Волино претставува раскрсница за сите овие села.

Како главна сообрајќајна раскрсница е познато од дамнина. Низ него врвел патот Via Egnatia.

Волино е полско село, со аливијална почва која е многу плодна. Селото се наоѓа меѓу две реки: реката Сатеска и каналот на реката Сатеска. Оваа вода се користи за наводнување а порано се користела за водениците.