Волино повторно се дави во сопствената депонија

March 4, 2012
Волино повторно се дави во сопствената депонија

 Минатата пролет беше извршена акција за зачистување и затрупување на отпадот кој со години Волинци , а и жителите на околните села самоиницијативно  го фрлаа на просторот кај месноста викана Бел Мост во Волино.  По извршената  акција, по иницијатива и во рамките на МЗ Волино, со цел да се одржува чистотата во Волино, беше формирана комунална заедница, чии вработени лица за месечна наплата од 100 денари (за домаќинства) и 500 денари (за угостителските објекти)  го собираа ѓубрето од домаќинствата во Волино. Во почетокот како и многу други проектни активности во Волино, ваквата иницијатива наиде како на позитивни така и на негативни критики.  Но, како течеше проектот, растеше бројот на корисници за услугата. По неколкуте успешни месеци, се појавија и првите проблеми, воглавно главен проблем се појави во наплатата , поради незадоволството на граѓаните од начинот на кој се собирало ѓубрето како и старата навика на Волинци, домаќинствата повторно сами почнат  да го фрлаат ѓубрето, а како резултат на тоа  повторно е формирана дивата депонијата кај Бел Мост.

Овие слики говорат како денес оваа депонија од ден на ден прераснува во се поголема извор на зараза. Кучиња скитници и јата птици секојдневно  собираајќи се,  ја пренесуваат нечистотијата во селото. Континуирано се загадува земјиштето во околината, а со секој ветер непријатна миризба се шири на сите страни. Решението на овој горлив проблем треба да се бара кај надлежните во општината и општинското јавно претпријатие, од каде најавуваат конечно решавање на проблемот со собирањето и депонирањето на комуналниот отпад во Волино и затворање на сите диви депонии во селото, а за што се водат преговори со Месната заедница.

Поврзани написи