Синоќа присутните на Богородица Куп 2015 беа сведоци на еден навистина несекојдневен момент. При едно исфрлање на фудбалската топка истата од спортскиот полигон директно заврши во седелото на волинскиот штрк, на врвот од покривот на старото училиште.

11902434_726973677408413_67886240073390885_n

Тоа за момент ги исплаши штрковите во седелото, но со тоа и дефинитивно се спои она што е логото на Богородица Купот, штркот домаќин на спортскиот полигон со фудбалската топка. Навистина несекојдневен момент, кој не се случил во 18 годишното постоење на фудбалскиот турнир. Сега останува организаторите на турнирот да чекаат штркот да им ја врати топката или сами да се потрудат да дојдат до неа. Сигурно нема да им биде така лесно…….