Враништа 2012:Сатеска по старото сценарио

May 15, 2012
Враништа 2012:Сатеска по старото сценарио

Вчеравечер по тешки врнежливи услови за игра, екипата на ФК Сатеска, го одигра првиот дуел во рамките на турнирот во мал фудбал “Враништа 2012”. Сатеска рано го отвори резултатот со голот на Бочески и како по навика не успеа да го задржи водството. За нецели пет минути екипата на ПН Метал го изедначи резултатот. Сатеска во текот на целиот натпревар ја имаше доминацијата и поседот на топката но реализацијата беше на најниско ниво. Неколку пати по ред од зицер позиции промаршуваа Секулоски, Бочески и Скепароски, за да при крајот на натпреварот по старото фудбалски непишано правило Сатеска го загуби натреварот со конечен резултат од 2:1

Силнен дожд на полигонот во Враништа

Силнен дожд на полигонот во Враништа

Сепак шансата за поправен Сатеска ја има во четврток, кога го игра и последниот натпревар каде со победа обезбедува пласман во втората фаза од турнирот.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.