Враништа 2012: Сатеска победи кога беше најпотребно

May 17, 2012
Враништа 2012: Сатеска победи кога беше најпотребно

По првиот пораз на Турнирот Враништа 2012 екипата на Сатеска  вечерва во вториот натпревар по групите  забележа победа против екипата на Балкан Нет од Радожда со 2-1 ( 2-0). Во натпревар со многу малку шанси од двете страни за Сатеска головите ги постигна Скепароски Никола во 2 минута и Секулоски Никола во 8 минута. Во второто полувреме Сатеска пропушти да ја задржи предноста од два гола, која и носеше прво место во групата и во 29 минута екипата на Балкан Нет постигна гол за конечни 2-1, со што екипата на Сатеска како второпласирана во групата го продолжува учеството на Турнирот во втората елиминациона рунда.

Да го одбележиме и тоа дека на Турнирот настапи уште една екипа –ФК Волино, составена претежно од ветераните на Сатеска, но со два порази 1-2 и 0-3 ги заврши натпреварите во првиот круг.

Поврзани написи