Започна јаболкоберот во Волино

October 7, 2011

Со половично намален род, одлични временски услови за берба, веќе неколку дена активно се одвива “jаболкоберот” во Волино и околината. Годинава поради временските неприлики, речиси половично е намален родот, но сепак се очекува добар квалитет. Како и годините наназат и оваа година најголемиот проблем е откупот на јаболкото. Откупните цени иако подобри од последните две години, од 18 до 15 денари за килограм консумно јаболко, не се доволни за исплатливо производството. Скапите препаратите, секојдневното покачување на нафтата, скапата работна рака, проблемите со извозот на традиционалните пазари (Албанија, Косово, Бугарија) нефункционирањето на слободната трговија, намалувањето на субвенциите, создаваат се поголеми главоболки кај производителите.

Овоштарите особено се погодени од откупната цена на индустриското јаболко.  Која изнесува смешни три денари за килограм. А, најавени се и прогнози за нејзино намалување во наредниов период.


Со цел да се подобри ситуацијата во Волино, во иднина се планира формирање на здружение на овоштари, како и разгледување на можноста за поставување на ладилник, како дел од проектот “Волино подобро место за живеење.”

Поврзани написи