Завршија натпреварите по групи

August 23, 2012
Завршија натпреварите по групи

Со вечерашните натпревари завршија натпреварите по групи на Богородица Куп 2012. Останува утре да се одигра уште една мајсторка за да се комплетира 16 –тиот патник во осминафиналето. Вечерва се одиграа два натпревари. Екипата на Ресен Чоки направи пресврт против Арсенал од 0-3 за конечни 6-4 и обезбеди пласман во осминафиналето, а екипата на Ремис со високи 11-2 ја торпедираше Куратица, во натпревар во кој Никодиноски постигна шест голови. Другите два натпревари не се одиграа бидејќи противниците на Бел Мерцедес и Ложани не се појавија на теренот.

Резултати

Ложани-Деко транспорт 3-0/ службено
Бел Мерцедес- Наташа 3-0/ службено
Арсенал Ресен Чоки 4-6 ( 3-0 )
Ремис – Куратица 11-2 ( 4-0 )

Четврток, 23.08. осминафинале
19,15 –РЕСЕН ЧОКИ – ГОРНО ЛАКОЧЕРЕЈ
20,15-БЕЛ МЕРЦЕДЕС – БОТУН
21,15-МИЛА –ЛОЖАНИ / мајсторка
22,15-САТЕСКА-ПЕТАН
23,15-АПТЕКА ХРИСТИЈАН ПРВИ ФИЛИП ВТОРИ- ИНСОМНИЈА

Поврзани написи