Здравица за Стара Нова Година

January 14, 2017
Здравица за Стара Нова Година

Благочестиви сестри и браќа христијани,

Во новото лето Господово 2017 Ви посакуваме најдобри желби за здравје и среќа, за мир и радост, а дури потем за сето она што може со рака да се допре. Значи: ви го посакуваме најпрво она што не може да се допре, а дури потем – она што се допира. Затоа што колку и да го посакуваме, златото е студено и ни носи само материјална, но не и душевна топлина. Важен е џебот на рубата, но нека се наполни прво најважниот џеб на душата: срцето наше.

Во новото лето Господово посакуваме колку ѕвезди на небото толку синови и ќерки македонски на земјата !

Што е посеано нека никне, што пораснало нека роди, што е родено нека живее, родот нека се собере и обедини и повторно нека се посее и воскресне, како Спасителот наш што се раѓа секогаш и во век и веков.

Да живее народот македонски православен и сите оние народи од иста или други вери, кои му се радуваат на овој наш празник како да го имаат срцето наше.
Сура година ! За многу години !

Поврзани написи