Жетвата во Волино се одвива под полна пареа

July 21, 2014
Жетвата во Волино се одвива под полна пареа

По серијата на дождови  конечно временските услови овозможија,  иако со задоцнување,  комбајните да влезат во нивите и жетвата да се одвива без проблеми. .

Реколтата годинава, во споредба со минатогодишната е доста послаба, а тоа се должи на големите количества врнежи како и градот кој неодамна го зафати регионот.

Земјоделците официјално не се информирани за цената на пченицата, но неофицијално од страна на приватните мелници истата се откупува по цена од 12-13 ден./кг, а има  и проекции за раст на цената поради поплавите кој го зафатија Балканот.

Жетвата оваа година се врши со поголем број на приватни комбајни, претежно од селата на Дебрца и се очекува навреме да заврши. Сопствениците на комбајните за услугите наплаќаат по 300,оо денари по кутел ( 333 м2) со балирање, односно 250,оо денари по кутел без балирање на сламата.

Во минатото житото се жнеело со срп ,а потоа се вршело со коњи .По овршувањето на вравот ,од плевата требало да се очисти житото .Тоа се правело со дрвени лопати ,со кои се фрлало нагоре.Тоа одело полесно ако имало ветар ,а кога нема ветар житото паѓа на истото место . Подоцна веењето на житото  се вршело со посебни машини –вејачки.

Ова денес е само во сеќавањето на постарите Волинци. Одамна го нема жнеењето со срп ,вршењето со коњи, ги нема стежерите во дворовите ,ги нема коњите .Од почетокот на осумдесетите години на минатиот век  се е заменето со комбајните.

Поврзани написи

Коментарите се затворени.